Факултетот DOBA е информациски партнер на меѓународната конференција Circular Change

Факултетот DOBA е информациски партнер на Четвртата меѓународна конференција Circular Change, која што е посветена на кружната економија во Република Словенија и Европската Унија, која што ќе се одржи во  Марибор на 16 и 17 мај 2019 година.

На конференцијата ќе земат учество комесарот на Европската Унија за прашања поврзани со транспорт Виолета Булц, премиерот Марјан Шарец, министрот за надворешни работи Миро Церар, градоначалникот на Марибор Саша Арсенович, амбасадорот на Италија Паоло Тричило, амбасадорот на Холандија Барт Твалфховен, професорот Тадаши Јаги (од универзитетот Дошиша, Киото, Јапонија) и други високи гости.

Учеството на конференцијата е бесплатно, но потребна е претходна регистрација.

Подетално

Извори: fakulteta.doba.si, circularchange-conference.com