Факултетот DOBA е првата приватна образовна установа во земјата, којашто е удостоена со наградата „Јаблоко на квалитетот“

Во текот на традиционалната церемонија за врачување на националните награди за исклучителни достигнувања во областа на меѓународната соработка, Факултетот DOBA стана првата приватна виокообразовна установа во земјата, којашто ја добила наградата „Јаблоко на квалитетот 2019“. Свечената церемонија под водство на Центарот за мобилност и европската програма за образование и повишување на квалификации (CMEPIUS) и министерството за образование, наука и спорт се одржа во средата, на 04-ти декември 2019 година, во Љубљана во Grand hotel Union,

Центарот за мобилност и европски програми за образование и повишување на квалификациите (CMEPIUS) и министерството за образование, наука и спорт веќе 15-та година по ред ја врачија националната награда за установите, коишто, според нивните зборови, имаат позитивно искуство на меѓународна соработка и дејност на меѓународен план влијаат на професионалниот развој на работниците од сферата на образованието, нивната соработка и тимската работа, а исто така на развојот на самите институции, коишто учествубаат во проектите.

Во објаснувањето на наградата доделувачите забележаа дека Факултетот DOBA се прилагодил на потребите на студентите од XXI век на иновациски и актуелен начин, применувајќи интернет технологии во образовниот процес и во сферата на мобилноста и разработувајќи програми за виртуелна мобилност, којашто им овозможува на сите студенти да се стекнат со интернационално.

Наградата „Јаблоко на квалитетот“ означува признание за заслугите на Факултетаот DOBA, чијшто претставници се гордеат, што квалитетот и иновативноста на нивната работа во сферата на меѓународната соработка се забележани и на државно ниво. Истовремено оваа награда е мотивација и предизвик на Факултетот во контекст на понатамошна иновативна подготовка на студентите и развој на нивните меѓукултурни компетенции, коишто во современиот глобален свет претставуваат една од клучните карактеристики на индивидуата.

Извор: doba.si