Факултетот DOBA ќе го посетат вработените од компанијата Unior d.d., Зрече

Факултетот DOBA, кој што има две меѓународни акредитации за он-лајн обуки, во петок на 20-ти септември 2019 година, ќе ги пречека вработените од компанијата Unior d.d., Зрече. Во рамките на нивната посета извршниот директор и професор на Факултетот DOBA магистер Клемен Жибрет ќе се претстави со предавањето „Проблемите со стареењето на работната сила и населението“.  

Во текот на предавањето на присутните ќе им биде презентирана информацијата за идните демографски тенденции, можните стратегии на компаниите за управување со ризици, поврзани со стареењето на работната сила, а исто така и проблемите и напредните методи за надминување на тенденциите за стареење на работната сила.

Да додадеме дека соработката со компаниите и организациите е постојана практика на Факултетот DOBA.

Извор: doba.si