Факултетот DOBA организираше традиционална добротворна акција

Факултетот DOBA во декември 2019 година одржа традиционална добротворна акција во рамките на проектот „Четири годишни времиња на солидарноста“. Во текот на една година Факултетот укажувал помош на Друштвото на пријатели на младите од Марибор, на Центарот за помош на младите, на мариборското прифатилиште за животни, на мариборскиот Дом на мајката и мариборскиот Консултациски центар за работа со жртви на насилство.

За децата беше организирано собирање на нови играчки и канцелариски материјали, коишто во пресрет на божиќните празници беа предадени на директорот на мариборскиот дом на мајката, Мирјана Дрофеник и на директорот на мариборскиот Консултациски центар за работа со жртви на насилство Радојка Хижман.

Извор: doba.si