Факултетот DOBA ве поканува на визитинг предавањето на комерцијалниот директор на Roto Group d.o.o.

Во четврток на 07-ми ноември 2019 година, на Факултетот DOBA, кој што има две меѓународни акредитации во областа на онлајн обуките, ќе се одржи предавање на комерцијалниот директор на Roto Group d.o.o. Дарја Михалич. Да напоменеме дека со наведената компанија Факултетот има потпишано спогодба за соработка.

Со оглед на тоа што 70 проценти од времето на обуката е посветено на решавање на реални бизнис задачи, предавањето ќе им обезбеди на студентите многу полезни информации за работната практика во компанијата, која што преминува од регионална во глобална и ќе овозможи почетни позиции за подготовка на студентите од применетиот проект „Организирање на продажбата во компанијата ROTO“, кој што во иднина ќе им биде презентиран на претставниците од компанијата. Авторите на најдобрите проекти ќе бидат поканети во производството во компанијата, каде што со свои очи ќе можат да ја видат нивната успешна практика.

Дарја Михалич има завршено на факултетот за економија и бизнис на универзитетот во Марибор на насоката „Маркетинг“. Во компанијата Roto таа работи од 1995 година, кога бројот на вработени во компанијата изнесувал 32 лицаа. Во Roto Михалич ги поставила темелите на маркетингот и темелите на интернационализацијата на компанијата. Денес Roto е мултинационална компанија со 420 вработени и шест производствени капацитети на пазарите на земјите од поранешна Југославија.

Извор: doba.si