Факултетот по електротехника при универзитетот од Марибор го организира осмиот конкурс за изработка на електрични велосипеди

Факултетот за електротехника, компјутерски науки и информатика при универзитетот од Марибор го организира осмиот ученички и студентски конкурс за изработка на електрични велосипеди. Конкурсот ќе се одржува од 16 до 22 септември 2019 година во рамките на Европската недела за мобилност. Целта на конкурсот е зголемување на интересот на младите кон техниката, зацврстување на соработката на државно и меѓудржавно ниво и да се претстават нови технолошки решенија за AWD eлектричните велосипеди.

Учеството во конкурсот ќе им овозможи на младите да го дополнат своето образование со практични проекти, кој што предвидува детално запознавање со процесот на разработка на производи.

Во етапата на проектирање и изработка на електричен велосипед томовите можат да се поврзат со производителите/снабдувачите со делови за модернизација на велосипедите, а во завршната етапа тимовите треба да одржат презентација на својот производ.

Во конкурсот ќе земат учество томови во состав од 2-5 луѓе. Предвидени се две конкурсни категории: градска и отворена. Секој учесник на тимот ќе се стекне со сертификат.

Пријавите за учество се примаат до 30 април 2019 година на адресата.

Условите за конкурсот се објавени на сајтот. Информации: e-bikes@um.si, 02 220 7053.

Извор: feri.um.si