Факултетот за економија при универзитетот од Љубљана според верзијата на The Financial Timeѕ се најде помеѓу 20-те елитни бизнис школи во светот од областа на социјално одговорната работа

The Financial Times, водечкиот авторитет од областа на изборот и рангирањето на најдобрите бизнис школи во светот, се обратил до бизнис школите од целиот свет со изницијатива да пренесат успешни практики на нивните активности со значителен социјален ефект. Наведените примери од бизнис школата би можеле да се претстават во четири сфери: истражување, предавање, студентски проекти и академска дејност.

Врз основа на добиените примери од добри практики група експерти, претставници на такви организации како што се Банката на Англија, Универзитетот од Кембриџ, AACSB International, Association of MBAs & Business Graduates Association, UN Global Compact – избраа дваесет бизнис школи со значително влијание во конкретната гранка. Помеѓу нив се најде и економскиот факултет при универзитетот од Љубљана.

Помеѓу останатите дваесет примери на добра практика се најдоа и Харвардската школа за бизнис, Школата за менеџмент Келога при Северо-Западниот универзитет (од Соеднинетите Американски Држави), Школата за бизнис Хаса при универзитетот Беркли (од Соединетите Американски Држави), Стокхолмската економска школа (Шведска), Градскиот универзитет од Даблин (Ирска) и Школата за бизнис Густавсон, универзитет Викторија (Канада).

Подетално

Извор: efnet.si