Факултетот за електротехника, компјутерски науки и информатика при универзитетот во Марибор учествува во големи европски проекти за сајбер – безбедност

Вработените во институтот за информатика на факултетот за електротехника, компјутерски науки и информатика при универзитетот во Марибор како полноправен партнер учествува во два проекта на Европската комисија на темата сајбер безбедност, кои што се реализираат во рамките на програмите „Хоризонти 2020“. На проектите работи Лабараторијата за технологија на управување со податоци.

Првиот проект CyberSec4Europe – Vzpostavitev in upravljanje mreže kompetenčnih centrov kibernetske varnosti („Организација и управување со мрежата на специјализирани центри за сајбер – безбедност“ ; координатор од Словенија доцент д-р Марко Хјобл) обединува 43 партнерски установи од 23 земји на ЕУ. Реализацијата на проектот започна во 2019 година. Неговата цел е организирање и управување со работата на мрежите на специјализираните центри за сајбер – безбедност и инкорпорирање на заедничкиот вектор на истражување и иновација во наведената гранка.

 Вториот проект CONCORDIA – Kompetence na področju kibernetske varnosti za raziskave in inovacije („Компетенција во областа на сајбер – безбедноста за истражување и иновации“ координатор од Словенија проф. д-р Татјана Вељцер) четиригодишен интердисциплинарен научно – истражувачки и иновациски проект кој што почна да се реализира во јануари 2019 година. Координатор на проектот е Научно – истражувачкиот институт CODE од универзитетот Бундесвер (Минхен). Проектот обединува 23 партнерски индустриски организации и 23 академски структури. Проектот е насочен кон разработка на иновациски и конкурентни решенија за заштита на Европа од сајбер напади, врз основа на кои ќе биде европскиот едукативен екосистем за сајбер – безбедност. Буџетот на проектот е 16 милиони евра европски средства. Дополнителни средства во висина од 7 милиони евра ќе обезбедат националните органи на власта и индустријата.

Подетално за првиот проект Сајт на проектот Подетално за вториот проект Сајт на проектот

Извор: feri.um.si