Факултетот за електротехника, компјутерски науки и информатика при универзитетот во Марибор ве поканува да земете учество на зимската школа за развој на апликации за мобилни телефони

Факултетот за електротехника, компјутерски науки и информатика при универзитетот во Марибор, во соработка со светски познатата компанија Inova IT ќе ги запознае слушателите со најновите приоди и технологии за создавање на апликации за мобилни телефони. Тродневната зимска школа за развој на апликации за мобилни телефони за Android на јазикот за програмирање Kotlin ќе се одржи од 03-ти до 06-ти февруари 2020 година. Покрај новите вештини, сите слушатели ќе се стекнат со корисни подароци, а авторот на најдоброто решение ќе се стекне со вредна награда.

Пријавите за учество треба да се достават не подоцна од среда, 29-ти јануари 2020 година. Поради ограничениот број на места организаторот го задржува правото за избор на кандидати.

Резултатите од изборот и деталите (распоредот на предавања, местото на одржување и така натаму) ќе бидат објавени во четврток, на 30-ти јануари 2020 година.

За повеќе информации напишете на следната електронска адреса: luka.pavlic@um.si; или посетете ја следната веб страна: sites.google.com

Пријава за зимската школа Програма

Извор: feri.um.si