Факултетот за градежништво, транспорт и архитектура од универзитетот во Марибор учествува во проект за разработка на виртуелна средина за „паметен“ град

Факултетот за градежништво, транспорт и архитектура од универзитетот во Марибор ќе земе учество во проектот „RE_BUILT – Разработка на виртуелна средина во контекст на „паметен“ град и концепт на одржлив развој за пренос на знаења едукација во текот на целиот живот“. Проектот го финансира Европската комисија во рамките на програмата Erasmus+ „Стратешко партнерство во сферата на високото образование“.

Помеѓу останатите настани на проектот „RE-BUILT“ предвидени се три едукативни курсеви за 2 одбрани студенти на конкурс од факултетот за градежништво, транспорт и архитектура при универзитетот од Марибор на универзитетите во Виена (Австрија), Марибор (Словенија) и Орлеан (Франција). Студентите учествуваат во така наречени „Интензивни програми за студенти од високообразовните установи“.

Пријавите за учество на конкурсот се доставуваат до 22-ри септември 2019 година. Конкурсот е отворен за студенти од факултетите кои што имаат специјалности како: „Градежништво“ и „Архитектура“.

Подетално за настанот Пријава

Извор: fgpa.um.si