Факултетот за градежништво, транспорт и архитектура при универзитетот од Марибор ќе биде дел од проектот за развој на инфраструктурата на општината Словенечки Коници

Факултетот за градежништво, транспорт и архитектура при универзитетот во Марибор успешно учествуваше во проектот „Комплексни просторни концепции за долгорочен развој на рекреативната и туристичка инфраструктура на општината Словенечки Коници“. Партнери на проектот се Јавното Комунално претпријатие д.о.о. Словенечки Коници и општината Словенечки Коници. Проектот беше насочен кон зголемување на туристичката атрактивност и кон зголемувањето на посетеноста на општината и околината за локалното население и туристите.

Изучувајќи ги современите туристички и рекреативни тенденции во светот, врз основа на постоечката инфраструктура беше создадено комплексно програмско-пространствено решение, кое што со помош на пешачки и велосипедски маршрути ќе ги спојат сите инфраструктурни проекти во една целина, за да се искористи потенцијалот на општината.

Важен исход од проектот се истражувањата на современите туристички и рекреативни тенденции, кои што можат да придонесат за современиот развој и проширување на понудата во општината Словенечки Коници.

Извор: fgpa.um.si