Факултетот за градежништво, транспорт и архитектура при универзитетот во Марибор организира семинар-состанок за иновациите од областа на инфраструктурните проекти

Во петок на, 11-ти октомври 2019 година, во Горен Радгон ќе се одржи семинар-состанок на темата: „Одржливо градежништво, енергетска санација на објекти, нови инфраструктурни проекти“.

Организатори на настанот се: факултетот за градежништво, транспорт и архитектура од универзитетот во Марибор, Помурски саем, DRC, d. o. o. и Društvo za ceste Ljubljana, заедно со DRC – Združenje.

Целта на настанот е презентација на последните производи од областа на инфраструктурните објекти и решенија, кои што ќе овозможат ефикасно и долгорочно да се продолжи нивниот рок на експлоатација, и како резултат на тоа да се обезбеди ефикасна долгорочна заштита на природните ресурси. Вториот дел од семинарот-состанок ќе биде посветен на разгледување на проблемите во одржливото и иновативно градежништво и енергетска санација на згради, со кои што се судираат градежниците и инвеститорите.

Подетално за настанот

Извор: fgpa.um.si