Факултетот за градежништво, транспорт и архитектура при универзитетот во Марибор ве поканува на бесплатен образовен курс

Во рамките на LIFE17 IPC/SI/000007 – LIFE IP CARE4CLIMATE се покануваат сите заинтересирани на бесплатен образовен курс за создавање на планови за мобилност за установите. Предавањето ќе се одржи во среда, на 4-ти декември 2019 година, на факултетот за градежништво, транспорт и архитектура при универзитетот во Марибор (Марибор, Крекова улица, 2). Регистрацијата е отворена до 3-ти декември 2019 година.

Знаењата со кои што ќе се стекната учесниците ќе можат да ги искористат во управувањето со мобилноста и достапноста на транспортот, а исто така и во рамките на бизнис стратегиите на установите да се подобруваат алтернативните начини на патување и да се подобри здравјето на вработените.

Планот за мобилност може да биде важен стратешки документ, со оглед на тоа што неговата реализација сама по себе претставува долгорочно конкурентна придобивка, која што овозможува намалување на издувните гасови, кое што претставува обврска како за државата така и за стопанисуваните субјекти, коишто ја осознале својата социјална одговорност.

За повеќе информации напишете на следната електронска адреса: care4climate.fgpa@um.si

Програма на курсот Формулар за пријавување на курсот

Извор: fgpa.um.si