Факултетот за индустриски инженеринг FINI од Ново Место ја одбележа својата 10 годишнина од своето основање

Во четвртокот на 13 јуни 2019 година, се одржа свечена церемонија по повод 10 годишнината од основањето на Факултетот за индустриски инженеринг FINI од Ново Место.

Во текот на свечениот настан беа врачени награди за придонес во развојот на Факултетот, со кои што беа удостоени Образовниот центар Ново Место, општината Ново Место, Стопанската комора на Доленска и Бела Краина, компанијата TPV Group d.o.o. Со златна плакета за истакнат придонес во развојот на Факултетот беше награден директорот на образовниот центар Ново Место, Давид Штефан.

Да напоменеме дека во последните години факултетот стана водечка образовна институција во областа на машинството, каде што студентите се наоѓаат во центарот на вниманието и покрај теоретските знаења, се стекнуваат и со најнови технички, технолошки и интердисциплинарни знаења кои што се применливи во сите гранки на обработувачката индустрија. Покрај успешната педагошка работа, Факултетот успеа да постигне успеси и во научно-истражувачката работа.

Извор: fini-unm.si