Факултетот за индустриски инженеринг од Ново Место зема учество во 8-от меѓународен фестивал „zaTE – знаењето те активира тебе“

Факултетот за индустриски инженеринг од Ново Место зема учество во 8-от регионален фестивал „zaTE – знаењето те активира тебе“, кој што ќе се одржи од 25-ти до 27-ми септември во Центарот за образование и развој од Ново Место. Претставниците од Факултетот ќе земат учество на настанот во среда на 25-ти септември 2019 година, од 09:00 до 12:00 часот и од 16:00 до 18:00 часот.

Фестивалот „zaTE – знаењето те активира тебе“ е признаен за најефикасен настан за кариера во регионот Долењска. Програмата на настанот вклучува вежби, консултации, експресни интервјуа со работодавачите и стручни настани. Организатори на фестивалот се: Центарот за образование и развој од Ново Место и претставништвото на Службата за вработување во Ново Место. Во подготовката и одржувањето на фестивалот учествуваат организации, кои што се специјализирани за образование на возрасни како што се: ZIK Črnomelj, CIK Trebnje и Ljudska univerza Kočevje.

Програма на фестивалот

Извор: fini-unm.si