Факултетoт за организациски науки од Ново Место организира Летна школа „Систем за управање со квалитетот“

Факултетот за организациски науки од Ново Место во соработка со Факултетот за индустриски инженеринг од Ново Место, Вишата школа за менеџмент во земјоделството Grm од Ново Место, Бирото Veritas, Стопанската комора од Долењска и Бела Краина, компаниите Arex d.o.o. и Adria Mobil d.o.o., организираат Летна школа FOŠ 2019: SVK – Sistem vodenja kakovosti, која што ќе се одржи од 3 до 20 јуни 2019 година.

Летната школа е наменета за сите студенти, кои што се стремат да напредуваат  и да се стекнат со кредити по системот ECTS надвор од границите на своите образовни институции, а исто така и за раководителите по производствена практика – со цел развој на компетенциите во областа на управувањето со квалитетот.

Акцентот ќе биде ставен на развојот на следните компетенции:

  1. изучување и разбирање на филозофијата, пристапи, модели, инструменти и стандарди на сестран квалитет и знаење како да се примени во пракса;
  2. изучување и разбирање на организацијата на процеси и знаење како постојано да се усовршуваат;
  3. изучување и разбирање на самосоздаденото управување со квалитетот и усовршување, базиран на спиралата на последователност на планирање, реализација, проверка и извршување на задачи;
  4. способност за распознавање, управување и постојано подобрување на процесите за организација и нивно обединување во комплексен систем.

Летната школа ќе биде насочена кон стекнување со практични знаења, преку практични примери од работата на најуспешните организации во Република Словенија (Arex d.o.o. и Adria Mobil d.o.o.), што, по мислење на организаторите, ќе им овозможи на учесниците да ги подобрат своите можности за вработување.

Пријавите за учество се поднесуваат до 25 мај 2019 година. Учеството за студентите од Факултетот за индустриски инжениринг од Ново Место е бесплатно.

Подетално Пријава

Извор: fini-unm.si