Факултетот за применети социјални истражувања ги поканува странските студенти на настанот «Јазична работилница»

Центарот за кариера при Факултетот за применети социјални истражувања при универзитетот во Нова Горица во четврток, 4 април 2019 година, од 17:00 до 18:30 часот организира «Јазична работилница». Местото на одржување: Младински центар во Нова Горица.

Целта на настанот е комуникација, изучување и продлабочување на знаењето на странскиот јазик во комуникација со студентите, кои што учат во Нова Горица по програмата за размена на студенти. Во опуштена атмосвера учесниците на настанот ќе можат да се изборат со својот страв пред да зборуваат на странски јазик.

Форматот на настанот е опуштена беседа на англиски јазик на секојдневни теми. Актуелна тема: «Мојата татковина». На соговорникот на англиски јазик ќе му ја претстават Словенија, а тој ќе ја претстави својата земја. Во текот на  комуникацијата учесниците исто така ќе се стекнат со нови знаења поврзани со словенечкиот јазик.

Регистрација не е предвидена. Информации: 05 907 3461, karierni.center@fuds.si.

Извор: fuds.si