Факултетот за применети социјални истражувања при универзитетот од Нова Горица традиционално ќе ја одржи Зимската школа по психологија

Факултетот за применети социјални истражувања при универзитетот од Нова Горица на 19-ти и 20-ти февруари 2020 година веќе шеста година по ред ќе одржи бесплатна Зимска школа по психологија Psihodnevi.

Предавањата на Школата ќе се одржат во формат на практикуми и различни презентации. Целна група се учениците од средните стручни образовни установи, студенти и пошироката јавност.

Место и време на одржување на настанот: 19-ти февруари 2020 година – во просториите на Факултетот на улица Грегорчичева, 19, Нова Горица; 20-ти февруари 2020 година – на улица Лескошкова, 9е, во Љубљана.

Бројот на места е ограничен. Пријавите треба да се достават не подоцна од 07-ми февруари 2020 година.

За повеќе информации напишете на следната електронска адреса: andreja.rojc@fuds.si

Програма на зимската школа Регистрација на зимската школа

Извор: fuds.si