Факултетот за применети социјални истражувања при универзитетот во Нова Горица е удостоен со титулата Центар со висок квалитет во образиванието

Факултетот за применети социјални истражувања при универзитетот во Нова Горица е удостоен со титулата „Центар со висок квалитет во образованието „Стратешка европска опсерваторија2030“ во рамките на програмата Жан Моне. Оваа титула се доделува на високообразовните установи, кои што обезбедуваат знаења и компетенции, кои што имаат клучно значење за изучувањето на стратешките процеси во Европската Унија.

Да напоменеме, дека за триесет години работа на програмата Жан Моне Факултетот за применети социјални истражувања при универзитетот во Нова Горица е четвртата словенечка институција, која што ја добила титулата Центар со висок квалитет во образованието.

Центарот со висок квалитет во образованието Жан Моне ќе учествува во разработката и реализацијата на новата стратегија за развој на Европската Унија. Како прво во Центарот ќе биде создадена научна инфраструктура за собирање, анализа и распространување на информации за стратешките процеси, кои што се одвиваат во Европската Унија. Како второ, Центарот со висок квалитет во образованието ќе биде место за стручни дебати за стратешкиот развој на Европската Унија во кои што ќе земат учество различни општествени групи. Овие настани ќе помогнат за понатамошното зголемување на квалитетот на образованието на насоките, кои што се поврзани со европските истражувања.

Извор: fuds.si