Факултетот за применети социјални истражувања при универзитетот во Нова Горица ќе одржи предавање, посветено на Меѓународниот ден на борбата против насилството врз жените

Факултетот за применети социјални истражувања при универзитетот во Нова Горица во соработка со општината Нова Горица ќе одржат предавање на темата „Насилството – постојан социјален проблем или реалност во секојдневниот живот“. Настанот е посветен на меѓународниот ден на борбата против насилството врз жената.

Предавањето ќе се одржи на 2 декември 2019 година во 14:00 часот, ова предавање ќе го одржи професорот од Факултетот за применети социјални истражувања и специјалист од областа на проучувањето на насилството, доктор Мелита Звер Маковец. Адреса: Факултет за применети социјални истражувања, Нова Горица, Грегорчичева, 19. Влезот на ова предавање е слободен.

Предавањето ќе содржи основни познавања за насилството и неговото појавување, со посебен акцент на насилството во интимните врски. На присутните ќе им биде објаснета динамиката на насилството, ќе бидат претставени најчестите причини, коишто можат да доведат до насилство, ќе биде објаснето зошто жртвите продолжуваат да трпат насилство и ќе бидат дискутирани последиците и виновниците за насилството.

Извор: fuds.si