Факултетот за природни науки при универзитетот во Нова Горица ќе го одржи семинарот Fermi Masterclass

Во петок, 5 април 2019 година, во Ајдовшина факултетот за природни науки при универзитетот во Нова Горица Центарот за астрофизика и космонавтика во соработка со меѓународен тим на истражувачи  го организира семинарот Fermi Masterclass, посветен на анализа на работата на Fermi – сателитот на NASA. Настанот се организира во соработка со 4 италијански универзитети – универзитетот во Бари, универзитетот во Перуџа, универзитетот во Торино и универзитетот во Трст.

Темата на овој семинар се огромните црни дупки и последните откритија во новата брзорастечка област – многуканалната астрономија. Целта на овој настан е да им се претстават на студентите најновите информации од астрономијата од  прва рака за истражување.

Пријавите за учество се доставуваат до 22 март 2019 година на електронската адреса: fermi.masterclass.ung@gmail.com.

Извор: ung.si, facebook.com