Факултетот за туризам при универзитетот во Марибор ќе одржи конкурс за маркетинг идеи

Факултетот за туризам при универзитетот во Марибор ќе одржи конкурс на маркетинг идеи. Целта на конкурсот е оформување на идеи за промовирање на факултетот на изложби (тука вклучувајќи ја изложбата Informativa, којашто ќе се одржи на 24-ти и 25-ти јануари 2019 година). Важен услов: идејата треба да може да се реализира во мал изложбен простор.

Задачи на конкурсот се формирање позитивен имиџ на факултетот за туризам при универзитетот во Марибор и привлекување на внимание кон универзитетот од страна на идните бруцоши. Конкурсот е наменет за учениците од средните училишта кои што се на завршните години и за нивните родители. Учесвто на конкурсот може да земат тимови од студенти од факултетот за туризам при универзитетот во Марибор.

Рокот за поднесување на идеите за конкурсот е до петок, 13-ти декември 2019 година. Идејата треба да се презентира детално, аргументирајќи ја важноста за нејзината реализација и да се наведе нејзината врска со туризмот. Форматот и обемот на текстот е произволен (може – обичен документ Word, дополнет со слики, линкови на видеа и така натаму). Идеите треба да се достават на следната електронска адреса: ft@um.si.

Според резултатите од конкурсот тимот којшто ќе победи ќе добие награда во износ од 225,00 евра. Во текот на оценувањето на идеите ќе бидат земени предвид такви критериуми како оргиналност, можност за реализација, врската со туризмот, идејата како туристичко искуство, применливоста на идејата за таргет групата.

Подетално за конкурсот

Извор: ft.um.si