Факултетот за туризам при Универзитетот во Марибор организира Меѓународен симпозиум „Geofood“

Факултетот за туризам при Универзитетот во Марибор со партнерот во проектот „Geothermica“ организира меѓународен симпозиум „GEOFOOD„ за употребата на геотермалните енергии во земјоделските процеси.

Симпозиумот ќе се одржи во понеделник 26.11.2018г. во Конференцискиот центар на Хотелот „Терме Чатеж“, во Брежице. Симпозиумот ќе се одржи на англиски јазик.

Своето знаење на симпозиумот ќе го споделат домашни и странски експерти. Ќе се претстават и партнерите од Холандија, Wageningen University, кој е е ден од најпрестижниот агрономски универзитет во Европа, како и компанијата LandIng Aquaculture, која ги развива најновите трендови во агрикултурниот инженеринг.

Претставник од Исланд, државата со најголемиот фокус на искористување на геотермалната енергија, ќе биде некогашната директорка на National Energy Authority of Iceland, актуелна професорка на Универзитетот Исланд.

Програмата на симпозиумот е во прилог на поканата.

Извор: ft.um.si