Факултетот за туризам при Универзитетот во Марибор организираше Меѓународен симпозиум „Geofood“

Факултетот за туризам при Универзитетот во Марибор, во понеделник на 26.11. 2018 година во хотелот Терме во Терме Чатеж организираше меѓународен симпозиум со наслов „Geofood“. Темата на конференцијата беше употребата на геотермалната енергија, пред сѐ во земјоделските процеси.

Факултетот за туризам е еден од партнерите на проектот Geothermica, во кој се вклучени и претпријатијата од Холандија и Исланд. Намената на оваа конференција е и во Словенија да се потикне развојот на кружните системи, кои ги имаат партнерите во Исланд и во Холандија.

Во текот на симпозиумот, меѓународните предаватели го претставија проектот Geothermica и бројни добри пракси на употребата на геотермалните енергии во Европа и во светот.

По завршувањето на конференцијата, следеше интерактивна работилница, на која сите учесници изразија свои мислења во врска со предизвиците и желбите за искористување на геотермални енергии во Словенија. Симпозиумот им овозможи да се поврзат меѓусебе, да остварат нови контакти и партнерства, кои ќе го поттикнуваат идниот развојот за геотермална енергија во Словенија. Во иднина пак, сакаат да организираат и посета на добри пракси во Холандија и во Исланд. 

Извор:  ft.um.si