Financial Times вторa година по ред го вклчи факултетот за економија од универзитетот од Љубљана помеѓу 95-те најдобри бизнис-образовни установи во Европа

На крајот од минатата година Financial Times објави список на најдобри бизнис-школи во Европа, помеѓу кои се најде и факултетот за економија при универзитетот од Љубљана, и на тој начин стана единствен претставник од Република Словенија. Тоа е награда за постигнатите резултати од непоштедната работа и самопожртвуваноста на професорите и студентите и истовремено повторно признание за квалитетот на неговата работа на меѓународен план.

Услов за вклучување во рејтинг листата е поседувањето на минимум една од две престижни меѓународни акредитации за бизнес-школи – AACSB или EQUIS, а исто така вклучување на програмите International Master in Business (IMB) во рејтингот на најдобри програми во областа на бизнис-образованието, кој што го составува Financial Times.

Факултетот за економија при универзитетот од Љубљана ги има двете горенаведени акредитации, а покрај нив и акредитацијата AMBA, којашто го подтврдува квалитетот на програмата MBA. Факултетот за економија при универзитетот во Љубљана се наоѓа помеѓу бизнис-школите со тројна акредитација.

Извор: uni-lj.si