Франце Прешерн: малкуте познати факти за истакнатиот словенечки поет

На сите словенци им е позната државната химна – седмата строфа од стихотворбата “Здравица”. Исто така сите знаат дека неа ја напишал поетот Франце Прешерн, кој што е роден во селото Врба и работел како адвокат во Крањ, ја надминал невозвратената љубов од Јулија Примиц и оставил позади себе богато културно наследство – прекрасни стихови. Се ближи главниот словачки културен празник и ние сакаме да ви раскажеме вам за некои факти од животот на Прешерне, кои што, можеби , не ги зневте.

Без разлика на трите вонбрачни деца , поетот од свештеникот во селото Шемпетер при Горици добил признание за морален интегритет, кое што му било потребно за добивање на работата како адвокат.

Прешерне секогаш велел , дека ќе дозволи да му нацртаат негов портрет, кога ќе се жени. Но не му било судено на поетот, бидејќи портретите кои што се сочувани до денес се нацртани после неговата смрт. Најстраиот посмртен портрет на поетот е од 1850 година. Него по сеќавање го нацртал Франц Курц фон Голденштејн.

Прешерне умеел убаво да се забавува. Во 1839 година тие заедно со другарот Андреј Смоле во замокот Прежек се веселеле цели три дена. Интересно е тоа што првото дело посветено на штетноста на алкохолот  е напишано во Крањ во 1834 година а негов автор е доктор Фран Виљем Липич.

Прешерне пристигнал во Крањ во 1846 година, кога таму живееле само две илјади жители. Тој бил единствен адвокат во целиот град. Под станот, кој што го изнајмил поетот, кај сопственикот , произведувач на пиво Франц Мајер, се наоѓал кафич, кој што бил познат по кафето и по алкохолните пијалоци. Денес во кафичот е отворена галерија, а во станот , каде што живеел Прешерне е отворен музеј, кој што е во сопственост на Горењскиот музеј во Крањ. Секој , кој што сака може да го посети станот на поетот и да се прошета по собите, по кои што некогаш се шетал самиот поет.

Во неговиот стан во Крањ може да се види прекривката, на која што лежел починатиот поет. За тоа има навезен натпис: “Од 08 do 10 февруари 1849 година на оваа прекривка се упокоило телот на Франце Прешерн”.

“Поезија” – посебна збирка дела од Франце Прешерн – биле опубликувани во 1846 година , со наведување на изданието 1847 година, со тираж од 1200 примероци. Во согласност со вољата на поетот , 150 примероци требало да бидат издадени во видоименети редакции. Така што почетните букви на стихот  “Сонетен венец” да бидат испечатени со правилен акростих од неговата љубена Јулија Примиц. Во другите примероци тој го избришал името на Јулија, променувајќи го редоследот на зборовите во четири четиристишија.

На погребот на Прешерне , Јанеж Блајвајс го премолчил фактот, дека  поетот имал три вонбрачни деца, кога ги цитирал стофите од Валентин Водник : “Нема да остане после мене, ни ќерка, ни син – само добро сеќавање, и песните живи за мене ”. Вонбрачни деца поетот навистина имал, но Прешерне го признал тој факт дури на смртната постела.

Прешерне се потпишувал како Прешерин. Затоа и на неговата надгробна плоча во Крањ, во Прешерновиот гај е напишано  “др. Фране Прешерин”.

Не е точно дека истакнатиот словенечки поет не бил ценет за време на неговиот живот. Веќе Јанез Блајвајз во весникот “Селски и занаетчиски новости” (Kmetijske in rokodelske novice) го нарекол него најголемиот поет во тоа време. А во првите училишни антологии неговите стихови се појавиле веке во 1850 година. Тие заземаат таму виддно место до ден денес.

Споменикот на Прешерне во Љубљана бил свечено отворен 10 септемри 1905 година. Скулптурата е дело на Иван Заец, на почетокот не била добро прифатена, бидејќи над главата на поетот се наоѓала полугола муза. Љубљанскиот архиепископ Антон Бонавентура Енглич напишал протесно писмо на тогашниот градоначалник Иван Хрибар и побарал да го тргнат споменикот од територијата пред црквата. Неговата огорченост во врска со споменикот на поетот била добар повод за објавување во политичко – сатиричниот весник “Оса” во Љубљана 11 ноември 1905 година стихотворбте на анонимниот автор под наслов “Муза и епископ – љубљанска балада” , кои што почнуваат вака  : “Како смееше ти музо со ногата да се качиш на таков споменик”.

Автор: Тјаша Шоштарич, весник «Студент»