GEA College – Факултетот за претприемништво потпиша договор за соработка со универзитетот Њујорк во Прага

GEA College – Факултетот за претприемништво потпиша договор за соработка со универзитетот Њујорк во Прага – почитувана и најголема бизнис школа во Чешката Република со предавања на англиски јазик. Договорот за соработка помеѓу другото, предвидува, заедничка реализација на програмата „Магистер бизнес-администрација“ (MBA).

Подготовката на идните раководители ќе се одржува во Љубљана. Некои предавања ќе се одржуваат во Прага. Часовите по практика ќе ги одржуваат професори од странство со богато академско и работно искуство. Програмата „Магистер бизнис администрација“ на GEA College е предвидена воглавном за раководители, независни консултанти, менаџери за работа со ВИП клиенти со работно искуство од три до пет години.

Предавањата во рамките на оваа програма започнуваат во септември 2020 година и ќе се одржуваат за време на викендите. Курсот е предвиден да трае 18 месеци и завршува со проект, кој што студентите од оваа програма го подготвуваат под раководство на професорот.

Извор: gea-college.si