GEA College одбележа триесет години од своето постоење

На 16-ти февруари 1990 година во Бохине на иницијатива на претприемниците, професорите и работниците од академската сфера четириесет и три соработници потпишаа Акт за основање на Центар за бизнис и образование GEA College d.o.o. Подоцна, во јануари 1991 година, на основачите им се приклучија уште 17 соработници. Тогаш образовната установа се наоѓала во Младинскиот образовен центар во Бохине, кадешто се одржале и првите семинара. Првите два семинари се одржале веќе на првиот викенд по отворањето на образовната институција.

Републиканскиот Извршен совет и Стопанската комора на Република Словенија одиграа важна улога во отворањето на GEA College. Помеѓу коосновачите исто така се најдоа економскиот факултет при универзитетот во Љубљана, економскиот факултет при универзитетот од Марибор, многу консултантски организации, Здружението за организации за техничка култура, здружението на образовни центри, неодамна формирани но веќе. Среди соучредителей также были факультет экономики университета Любляны, факультет экономики университета Марибора, ряд консалтинговых организаций, Объединение организаций по технической культуре, сообщество образовательных центров, недавно учреждённые, но уже успевшие заявить о себе малые предприятия, бизнесмены и преподаватели.

Во првите две години од работењето образовната установа одржала повеќе од седумдесет различни курсеви и семинари за прашања поврзани со претприемништво, коишто ги посетиле повеќе од 3600 лица. Во тој период со GEA College веќе соработувале скоро 300 професори и бизнис тренери. Севкупно, големиот обем на подготовка на кадри, проширување на дејноста надвор од границите на земјата, зголемувањето на кадровскиот и материјалниот потенцијал го поттикнаа ревидирањето на статусот на компанијата. Во јули 1991 година на собранието на соработниците беше започната процедурата за преформатирање од друштво со ограничена одговорност во акционерско друштво, завршува во февруари 1992 година. Во тој момент GEA College, несомненно, бил еден од водечките установи од областа на културата на бизнисот и обуките за претприемништво во Република Словенија и надвор од нејзините граници. Доволно е да се наведе како пример подготовката на бизнис консултанти во соработка со Babson College, којшто веќе многу години е водечка бизнис школа во Соединетите Американски Држави.

1996 година исто така била симболична, со оглед на тоа што тогаш била основан GEA College – Вишата школа за претприемништво, чијашто образовна програма ја потенцирала неопходноста од основање на Центарот за средно стручно образование, како и отворање на специјализираната магистерска програма „Претприемништво“. На почетокот GEA College работел во Порторож, по шест години работење се преселил во Пиран во куќата на Тревисини, за на крај да се пресели во Љубљана. Следната година се одржа свечено отворање на Центарот за истражување и развој на GEA College.

Денес GEA College е современа бизнис школа, кадешто се изучуваат основите на претприемништво, менеџмент и маркетинг. Покрај додипломските и магистерските образовни програми со меѓународна акредитација, а исто така и бизнис инкубатор, GEA College организира бизнис тренинзи, курсеви и повишување на квалификации, а исто така практикуми за компаниите и нивните соработници. Во образовниот процес се става акцент на развој на претприемништвото и компетенциите во XXI век.

Извор: gea-college.si