GEA College ве поканува на меѓународната конференција Connect 2020 – Adria Business Conference

На 05-ти и 06-ти март 2020 година во Hotel Thermana Park, Лашко, ќе се одржи меѓународната конференција Connect 2020 – Adria Business Conference, чијшто коорганизатор е GEA College. Партнери на конференцијата се Комората на индустријалци и претприемачи, Словенечкиот бизнис-клуб, CEED Slovenia, Bisnode, BNI Adria.

Деловната конференција со набиена програма, на којашто ќе земат учество повеќе од 200 претприемачи, отвора одлични можности за воспоставување на врски. Студентите и дипломците од GEA College можат да земат учество во неа по ексклузивно ниска цена. Тука тие ќе можат да ги дополнат своите знаења за управувањето, стратегиите, маркетингот и продажбата, да се запознаат со специјалистите и претприемниците и да ги слушнат нивните настапи.

Пријавата за учество треба да се достави не подоцна од 02-ри март 2020 година.

Подетално за конференцијата

Извор: facebook.com