GEA College ве поканува на семинар за прашања поврзани со развојот на бизнисот и привлекување на клиенти

Во среда на 18-ти септември 2019 година, во 17:00 часот на GEA College (Љубљана, Дунавска цеста, 156) ќе се одржи семинар на темата: „Практични совети за развој на вашиот бизнис и привлекување на постојани клиенти“ („Going from Good to Great…to Even Greater! Practical tips to grow your business and gain loyal customers“). Официјален јазик на настанот е англискиот.

Семинарот ќе го одржи магистер по бизнис администрирање Сотирис Карагианис, академски работник со повеќе од 20 години работен стаж. Во неговото портфолио има наведено соработка со престижните компании: Apple, Swarowski, 3M, Janssen, Johnson & Johnson, Ericsson, Oracle, групацијата Viohalco, Danone, Elbisco, TUI, Quest Group.

Регистрацијата за учество на семинарот е отворена до 17-ти септември 2019 година.

Извор: gea-college.si