GEA College ве поканува на семинар за спротивставување на финансиската криза

Во четврток, на 12-ти септември 2019 година, во 17:00 часот во GEA College (Љубљана, Дунавска цеста, 156) ќе се одржи семинар на темата: „Нам ни се заканува финансиска криза? Како да му ја обезбедиме потребната финансиска и корпоративна безбедност на претпријатието?“.

Семинарот ќе биде посветен на прашањата за изучување на стратешкиот пристап на корпоративната безбедност, проектирање на информатички систем од областа на корпоративната безбедност за носење решенија за взаемните влијанија на надворешните и внатрешните бизнис ризик фактори. Во текот на настанот исто така ќе бидат разгледани цикличните промени во економијата и одделни компании врз основа на фактички податоци – анализи на паричните текови, основи на SWOT – анализа и практични примери за носење на решение и негово искористување.

Семинарот ќе го одржи доктор Јанез Фабиан. За време на годините на големата криза и излегувањето на Република Словенија од истата (2009 – 2015) Тој беше на функцијата заменик директор на Банката на Словенија, и беше одговорен за областа сметководство и внатрешни финансии, системот за статистика и информатички технологии.

Пријавите за учество на овој семинар треба да се достават не подоцна од 11-ти септември 2019 година.

Регистрација за учество на семинарот

Извор: gea-college.si