Градежништвото како специјалност се вбројува помеѓу најбараните професии во Словенија

Професиите од сферата на градежништвото се вбројуваат помеѓу најбараните професии. Во четвртиот квартал во 2018 година вработените во градежништвото во споредба со 2017 година се зголемило за повеќе од 8% . Покрај тоа, словенечките работодавачи отвориле повеќе од 4 илјади работни места.

Според податоците од 2018 година најбарани професии во градежништвото биле каменоломци (6 409 работни места), столари (2  951 работно место), молери (1 458 работни места), мајстори за поправки и одржување на водовод и гасовод (1 300 работни места), управувачи со градежна техника ( 1 113 работни места), градежни инженери (1 102 работни места), бетонери (889 работни места), техничари – контролори (387 работни места) градежни техничари (202 работни места). Севкупно во сферата на градежништвото биле отворени 24 930 раборни места.

Со оглед на тоа што денес има кадровски дефицит претпријатијата од Словенија компензираат со тоа што, вработуваат странски експерти, најмногу од Босна и Херцеговина. Државјаните на Босна и Херцеговина имаат право да добијат работна дозвола во Словенија од три години, а по истекот на првата година можат да ја сменат работата. Аналогни услови наскоро ќе се воведат и за државјаните на Србија, договор кој што чека ратификација во парламентот.

Согласно последните податоци од Службата за вработување на Словенија, во 2019 година во областа на градежниптвото ангажирани се 10 134 странски државјани, кои што имаат важечка работна дозвола.

Вреди да се спомене дека според податоците на министерството за образование наука и спорт во изминатата година на градежни специјалности во средните стручни образовни установи се запишале 361 лице. Најголема популарност на градежните специјалности на средните стручни образовни установи биле забележани во 2007/2008 учебна година, кога таму се запишале 646 луѓе. За споредба во 2018 година на градежни специјалности во универзитетите во Словенија се запишале 563 кандидати.

Извор: svetkapitala.delo.si