Градскатa библиотека од Марибор ве поканува да земете учество на литературниот конкурс

Градската библиотека од Марибор ве поканува да земете учество на литературниот конкурс „Раскази од мојата библиотека“. Предавањето на кратките раскази или анегдоти, кои што тематски се однесуваат на библиотеката во Марибор и се поврзани со нејзините настани треба да се предадат до 30-ти септември 2019 година.

Делата се доставуваат на електронската адреса: pripovedi@mb.sik.si, темата на и-мејлот треба да гласи: „Za natečaj Pripovedi iz moje knjižnice“. Во текстот на расказот треба да се наведе името и презимето на авторот, адресата на живеење, електронската адреса и телефонски број. Секој учесник може да достави само по еден расказ. Работен јазик – словенечки. Обем на расказот – не повеќе од 1600 зборови.  

Објавувањето на победниците ќе се одржи на 08-ми февруари 2020 година, на 71-от роденден на градската библиотека во Марибор. Трите најоригинални раскази ќе бидат наградени. Сите раскази кои што ќе учествуваат на конкурсот ќе бидат објавени на сајтот на официјалното културно наследство на регионите   во земјата Kamra. За време на одржувањето на конкурсот учесниците се обврзани на ниедно друго место да не ги објавуваат своите раскази.

Информации на следниот телефон: 02 23 52 121 (Нина Хрибершек Вук) и на и-мејл: pripovedi@mb.sik.si.

Извор: vecer.com