Образовниот систем во Република Словенија

Словенечкиот образовен систем се состои од три нивоа – основно образование, средно и високо образование. Матурантите имаат многу голем избор: можат да изберат на кој степен ќе го завршат образованието и како ќе го продолжат.

Словенечкиот образовен систем
Словенечкиот образовен систем

Нивоа на образование

Основно училиште

Словенечкиот образовен систем

Средно училиште

Високо образование

Основно училиште

9 години

Траење на образованието

Национална проверка на знаења

Завршна проверка на знаењето

Средно образование

Следен степен на образование

Според законот на Република Словенија, сите деца се должни да се стекнат со основно образование – да завршат основно училиште (словенечки Osnovna šola). Образованието е бесплатно, како за државјаните на Република Словенија така и за децата на странците. Образованието во основното училиште трае 9 години, а започнува на возраст од шест години до петнаесет години. По завршувањето на 6-то одделение и 9-то одделение учениците ги очекува Национална проверка на знаење (словенечки Nacionalno preverjanje znanja). Учениците се запишуваат во средно училиште врз основа на просекот на оцените од 7, 8 и од 9 одделение.

Средно училиште

Учениците, кои што завршиле основно училиште, можат да изберат каков тип на средно училиште ќе посетуваат во зависност од нивната успешност во основното училиште, амбициите за кариера и плановите. Во Република Словенија постојат три типа на средно образование:

Средно стручно образование

3 години

Завршна проверка на знаењето

Завршен испит

Завршна проверка на знаењето

Средно стручно училиште

Следен степен на образование

Учениците, кои што завршиле средно училиште или се стекнале со минимално стручно образование можат да се стекнат со средно стручно образование (словенечки Srednje poklicno izobraževanje, SPI) . Тука учениците учат три години и ги усовршуваат следните професии: столар, механичар, стаклар, фризер, пекар и така натаму.

Стручните училишта имаат програми за „занаетчиство“, кои што се поддржуваат во Словенија на национално ниво: ако во државата има недостаток од квалифициран кадар во некоја професија, тогаш учениците од тие професии се обучуваат преку пракса кај работодавачите. Тоа им помага на идните работници да ги подобрат теоретските знаења, побрзо да се почувствуваат како дел од колективот и тоа го олеснува барањето на работа. На крајот од обуката има завршен испит.

Доколку ученикот, кој завршил 3-та година има желба да го продолжи образованието на факултет или на виша школа, во тој случај тој треба дополнително да запише 2 години за да може да полага општа или училишна матура.

Средно техничко и професионално образование

4 години

Траење на образованието

Општ завршен испит

Завршна проверка на знаењето

Високо образование

Следен степен на образование

Учениците можат да се стекнат со средно техничко и стручно образование, по завршувањето на основно училиште. Школувањето трае четири години и е насочено на продлабочување на знаењата во рамките на конкретна техничка или економска област.

Образованието се завршува со стручен завршен испит (словенечки Poklicna matura), по што следи упис на виша школа или на универзитетски додипломски студии. Доколку ученикот го положил општиот завршен испит (словенечки Matura), тогаш тој може да се запише на универзитетски додипломски студии.

Општо средно образование

4 години

Траење на образованието

Општ завршен испит

Завршна проверка на знаењето

Високо образование

Следен степен на образование

Исто така и во гимназиите можат да се стекнат со општо средно образование. Таму обично учат ученици кои што потоа сакаат да го продолжат своето образование и да се стекнат со високо образование. Токму затоа гимназијата е толку популарна помеѓу матурантите. Обично тоа се ученици, кои што во основното училиште добро ги совладале сите предмети.

На општиот завршен испит (Matura) студентите полагаат мајчин јазик и странски јазик, математика и два изборни предмети. По завршувањето на гимназијата матурантите можат да се запишат на факултет.

Гимназии:

Во општата гимназија учениците изучуваат општи дисциплини – словенечки јазик, светска литература, математика, хемија, физика, историја, биологија и така натаму.

Во класичната гимназија учениците, покрај основните дисциплини, исто така изучуваат и латински јазик и имаат повеќе часови по историја и филозофија.

Гимназии каде што се посветува повеќе внимание на изучувањето на странските јазици или природните науки.

Гимназијата со спортска насока ја избираат младите професионални спортисти.

Високо образование

Словенечкото образование е признаено на меѓународно ниво, предавањата се одвиваат според Болоњскиот систем. Се повеќе универзитети во образовниот процес воведуваат програми на англиски јазик. Словенечкото образование е признаено на целата територија на Европската Унија, затоа дипломците од словенечките високообразовни установи можат да го продолжат своето образование во други земји на Европската Унија. Доколку сакаат можат да се запишат на магистратура во било која земја на Европската Унија и да учествуваат во програмата за размена на студенти.

Виша школа

2 години

Траење на образованието

Одбрана на дипломската работа

Завршна проверка на знаењето

Образованието на вишите стручни школи (словенечки Višje strokovno izobraževanje) е достапно за матурантите од гимназиите и средните стручни училишта, кои што полоќиле општа матура или училишна матура. Образовните програми на вишите стручни школи се поопширни од универзитетските програми и се насочени кон совладување на практичните вештини во областите: туризам, велнес, економија, логистика, безбедност, електротехника и информатика. Двегодишното образование завршува со одбрана на дипломската работа.

Универзитет

Додипломски штудии

3 години

Траење на образованието

Одбрана на дипломската работа

Завршна проверка на знаењето

Магистратура

Следен степен на образование

Учениците кои завршиле средно образование и успешно го положиле матурскиот испит можат да се запишат на факултет и да се стекнат со диплома. Има академски и стручни додипломски студии. Разликата е во тоа што има повеќе практични дисциплини во стручните програми. Додипломските студии во Словенија обично траат 3 години и завршуваат со дипломска работа. По завршувањето на студирањето, студентот може да продолжи со студиите.

Магистратура

3 години

Траење на образованието

Заштита на магистерскиот труд

Завршна проверка на знаењето

Докторски студии

Следен степен на образование

Образованието на магистратура (словенечки Podiplomski študij) трае две години и завршува со одбрана на магистерскиот труд. Некои програми (како на пример „Меѓународни односи“, „Право“) се спроведуваат по системот „4+1“ – четири години додипломски и една година магистерски студии.

Докторски студии

2 – 4 години

Траење на образованието

Докторски труд

Завршна проверка на знаењето

Во Словенија може да станете доктор на науки за 2 – 4 години. Докторките студии завршуваат со одбрана на докторскиот труд.

    Закажете
    консултација

    Поставете ни прашање и закажете консултација.
    Нашите експерти ќе ви одговорат што е можно поскоро.

    Поставете ни прашање