Им благодариме на Тиват и Подгорица!

На петти февруари тимот од компанијата 2ТМ го посети Тиват и Подгорица во Црна Гора, каде што нашите претставници имаа консултации. Студентите и учениците воглавном се распрашуваа за туризмот и за IT технологиите, a нашите претставници одговараа и на општи прашања за студентскиот живот во Република Словенија, како на пример за сместувањето, трошоците, јазикот на којшто се одвиваат студиите и така натаму.

Photo: © 2TM d.o.o.

Во Подгорица е одржана презентација на којашто на учесниците од завршните години и на студентите им беа претставени предностите од студирањето во Република Словенија. Најголем интерес предизвикаа студиите за економија, архитектура, графички дизајн, англиски јазик, електротехника, градежништво, физика, информатика, стоматологија, клиничка психологија, право, молекуларна биологија, и туризам. Многу од студентите исто така се распрашуваа за мастер програмите, посебно за физика, економија и психологија.

Им благодариме на сите коишто не посетија во Тиват и Подгорица!