Индустриските компании во Москва започнаа со обнова на своите бизниси

Приближно 250 индустриски компании во Москва почнаа со обнова на своите бизниси. Ова беше објавено на 6 април од страна на прес-службата на Секторот за капитал и инвестициска политика на престолнината.

Околу 250 средни и големи претпријатија од производната индустрија во Москва започнаа со обнова на своите бизниси од 6 април“, е истакнато во извештајот.

Прес-службата напомена дека производните претпријатија имаат право да продолжат со производните активности во периодот на самоизолација, меѓутоа мора да се придржуваат на голем број на правила: одржување на социјална дистанца, дезинфекција на заедничките површини и употреба на потребна заштитна опрема.

Околу 160 илјади луѓе се вклучени во работата на претпријатијата кои го обновуваат производниот процес. Максимален број на работници треба да се премести на работа од далечина.Тие кои поради специфичноста на својата специјализација не можат да работаат од далечина, ќе продолжат со работа во претпријатијата во посебни услови.

Извор: regnum.ru