Информација за кандидатите: за кои студиски програми во Република Словенија треба да се полагаат приемни испити

За запишување во поголемиот број на образовни установи во Република Словенија нема потреба да се полагаат приемни испити и тоа претставува олеснителна околност за кандидатите. Иако во некои случаи не може да се запишете на високообразовните установи без полагање на приемниот испит, на пример ако станува збор за креативните студиски програми или студиските програми од сферата на медицината. Во тој случај за кандидатите не е доволно да имаат само добар успех од средните училишта туку потребно е и да се полага приемен испит. Добиените бодови на приемниот испит се решавачки фактор за запишување на посакуваниот факултет.