Информациски технологии и образование: „полесното – не е секогаш подобро“ –мислење

Образованието е фундаментален елемент, на кој што се потпира нашето општество. Нераскинлив дел од секојдневниот живот станаа технологиите. Во филмовите од време на време можеме да видиме роботи, летечки автомобили; реалност станаа и смарт домовите. Уредникот на списанието Dijak 2019 Маја Маркович во својата статија пишува за тоа, што се може да влијае на образованието.

Дел од процесот на образование стануваат но-лајн предавањата. Пристапот до информации значително се поедноставува. Он-лајн предавањата ни овозможуваат да ги прилагодиме на нашиот распоред и во било кое време што ни одговара нам да ги слушаме предавањата кои што не интересираат, и да ја добиеме информацијата која што ни е потребна. Од друга страна се усложнува комуникацијата, бидејќи ние не можеме да кренеме рака и да поставиме прашање. Ние исто така немаме можност да го усвоиме материјалот преку лично искуство и инклузија. Отсуството на директна комуникација со професорот им го отежнува на студентите совладувањето на материјалот. Секако дека има алтернатива како што е Skype и аналогните ресурси, но секој, кој што ги користи нив знае дека квалитетот на врската не секогаш е толку добар, особено ако на конференцијата учествуваат многу лица, пишува Маркович.

Во иднина значително ќе се зголеми учеството на вештачката интелигенција. Роботи-тутори, роботи-професори, роботи-келнери ќе бидат нормална појава во нашиот секојдневен живот. Но нема ли тие да ни го преземат нашиот живот во целост? Дали се способни високите технологии навистина да ни го олеснат секојдневниот живот, на кој начин го прават тоа, на пример лаптопите, теблетите, смартфоните? А најважно е дали можат да го подигнат квалитетот на образование, продуктивноста во работата со информации, брзината на достигнување на резултати, се прашува новинарот.

Сите овие прашање се реторички. Не треба да заборавиме дека се што е полесно не е и подобро. Образованието е привилегија и нема ништо лошо ако учите на традиционален начин. Најважна е мотивацијата, трудољубивоста, посветеноста, кои што се вонвременски, сумира авторот на статијата.

Извор: student.si