Институтот Јожеф Штефан оваа година слави 70 години од основањето

Институтот Јожеф Штефан (ИЈШ) именуван е по познатиот словенечки физичар Јожеф Штефан – по кој што е именуван и Штефановиот закон за зрачење. Основан е под името Институт за физика на словенечката академија на науките и уметностите (САЗУ) 1946 година, а во 1949 година, која што е година на неговото официјално основање, се насочил кон истражување насочено кон користење на нуклеарна енергија за цивилни цели. Оваа година одбележува значајни 70 години постоење.

Институтот Јожеф Штефан соработува со многу угледни институции ширум светот, организира меѓународни конференции, учествува на меѓународни изложби и се грижи за меѓународната размена на експерти. Многу нивни истражувачки достигнувања имаат добиено меѓународни признанија, а многу од вработените во Институтот Јожеф Штефан се меѓународно признати експерти.

Институтот Јожеф Штефан активно е вклучен во универзитетското образование, основач е на универзитетот во Нова Горица и на меѓународната постдипломска школа Јожеф Штефан во 2006 година имаат потпишано спогодба за долгогодишна соработка со универзитетот во Љубљана и Приморскиот универзитет.

Извор: ijs.si