Институтот за бизнис-образование Концепт од Скопје ве поканува да земете учество во обуката на Академијата за дигитален маркетинг

Од први октомври 2019 година на Институтот за бизнис-образование Концепт во Скопје ќе се отвори Академија за дигитален маркетинг. Предавањата ќе се одржуваат во просториите на Институтот двапати неделно од 18:00 до 21:00 часот. Времетраењето на обуката е: 15 недели, 120 академски часови.

Слушатели на Академијата се: студенти, претприемачи, маркетинг-директори, менеџери за продажба, менеџери за развој на бизнисот, бренд-менеџери, продукт-менеџери, веб-девелопери, медиа-консултанти, специјалисти за дигитален маркетинг – во рамките на 10 модули ќе можат да се стекнат со многу важни информации за дигиталниот маркетинг и маркетиншките стратегии,  контент-маркетинг, копирајтинг, маркетингот во социјалните медиуми, рекламите на Facebook, Instagram и Twitter, дисплеј и видеореклама (Display & Video Advertising), Email Marketing, Search Engine Optimization, веб-дизајн, Google Analytics, Adobe Photoshop и Интернет-право.

По завршувањето на обуката слушателите полагаат испит и се стекнуваат со диплома. Академијата е акредитирана од министерството за образование и наука на Република Северна Македонија. Цената на обуката изнесува 60 илјади денари плус ДДВ со можност за плаќање на рати. Пријавите за учество се примаат до 23-ти септември 2019 година или до пополнување на слободните места.

За повеќе информации обратете се на следната електронска адреса: institut@koncept.com.mk.

Формулар за пријавување Програма

Извор: koncept.com.mk