Институтот за информатика при Универзитетот во Марибор учествува во меѓународниот проект Blended Mobility

Институтот за информатика при Универзитетот во Марибор последните три години е вклучен во меѓународниот проект Blended Mobility. Во летниот семестар од секоја студиска година, студенти од седум до десет држави (Португалија, Белгија, Австрија, Германија, Грција, Шкотска, Ирак) учествуваат при реализација на проекти предложени од фирми. Проектот годинава се одржува по десетти пат.

Работата на проектот е организирана на следниот начин. На почетокот од семестарот студентите и предавачите, како и претставниците на фирмите во живо се состануваат во некој од европските градови и ја организираат работата на проектот. Потоа до јуни работат во домашната институција, при што студентите се поврзуваат преку различни платформи и алатки. При крајот на проектот, следува состанок во живо, каде што работата на проектите се завршува и им се претставува на нарачателите односно на претставниците на фирмите. Сета комуникација се одвива на англиски јазик.

Успешно завршената работа на проектот се оценува со ЕКТС-кредити (обично од 10 до 20 ЕКТС-кредити – во 2017 година проектот вредеше 15 ЕКТС-кредити – во зависност од преземената работа) и со оценка. Податоците се запишуваат во прилогот на дипломата. Во договор со носителите на предметите, работата на проектот може делумно или целосно да се смета како студиска обврска. За дополнителни информации обратете се кај проф. д-р Татјана Велцер: tatjana.welzer@um.si.

Слободни се две места. Може да учествуваат студенти од сите студиски програми и циклуси, кои го поседуваат потребното знаење. Пријавете се на е-пошта: tatjana.welzer@um.si. Во пријавата наведете ги вашите основни податоци, кратко CV – досегашно образование и мобилност, и мотивациско писмо – неколку реченици зошто се пријавувате и на кој проект сакате да учествувате. Изборот ќе се врши според соодветноста на студиската програма, годината на студии и циклусот студии. Доколку бидат потребни натамошни параметри за избор, предвид ќе се земат мотивациското писмо и кратката биографија. Рокот за пријавување е до 1.2.2019 година. Известување за изборот ќе добиете до 4.2.2019 година.

Патните трошоци и ноќевањата ги покрива проектот – трошоците обично се рефундираат по враќањето, а во некои случаи покриени се трошоците и за храна. Деталите ќе им бидат претстават на студентите кои ќе земат учество.

Средбите годинава ќе се одржат во Гент, Белгија, од 25.2.2019 година (пристигнување на 23.2.2019 или на 24.2.2019 година) до 1.3.2019 година (заминување оттаму на 2.3.2019 година) и во Порто, Португалија во јуни – терминот ќе биде одреден дополнително (најверојатно на крајот од јуни).

Во летниот семестар 2018/2019 година се распишани два проекта, кои ги испратија стартап фирми од Белгија. Повеќе информации за двата проекта може да прочитате тука.

Интернет-врска: feri.um.si