Инвестиција во иднината: во Образовниот центар во Шкофља Лока отворија современена учебно-производствена лабораторија

Во февруари во 2019 година во Образовниот центар во Шкофља Лока отворија нова учебно-производствена лабораторија со современа технолошка опрема,

наменета за работа во областа на енергетиката, обработка на дрво и машинство. Буџетот за опремување на лабараторијата изнесувал 621 илјади евра.

Лабараторијата ќе им овозможи на учениците, студентите и наставниците да се усовршуваат, да реализираат иноваторски идеи и проекти. Повеќе од половина од средствата ги обезбеди министерството за економски развој и технологија при поддршка на Европскиот фонд за регионален развој.

Во церемонијата на отварањето на лабараторијата земаа учество министерот за економија Здравко Почивалшек, државниот секретар од министерството за образование, наука и спорт Мартин Вук и директорот на Образовниот центар во Шкофља Лока, Мартин Пивак.

Според зборовите на министерот за економија Здравко Почиваљшек, ваквите лабаратории се еден од начините за професионална ориентација и професионална подготовка на младината по специјалности, за потребите на пазарот  на трудот, кои што ќе помогнат во добивање на достојна заработка и градење на кариера. Министерот иста така забележа дека ќе придонесат за развој на областа о растот на додадената вредност во компаниите.

Извор: gorenjskiglas.si