Исклучителна можност за вработување на стручњаци во областа на суперкомпјутерските мрежи

Универзитетот во Марибор го изведува проектот „Надградба на националните истражувачки инфраструктури – HPC RIVR, при што ќе се врши надрградба на постојните високомоќни компјутерски инфраструктури и воспоставување на суперкомпјутерски ценатр во рамки на проектот HPC RIVR во Источна Словенија.

Главната цел на проектот во 2020 година е да се воспостави суперкомпјутер, кој ќе има околу 50 илјади процесорски јадра за сметање и преку 20 петабајти (PB = 10¹⁵ бајти) дисковен капацитет за памтење на податоци, што е повеќе од целиот капацитет, кој во моментов е на располагање во Словенија.

За воспоставување и управување на таквиот суперкомпјутер, во својата екипа тие канат двајца нови соработници. На располагање се две работни места за периодот до 15.9.2020 година (со пробна работа од три месеци): Кандидатите мораат да имаат завршено високошколско образование од втор степен или слично образование од областа на компјутерите, информатиката или елетрониката. Почнувањето со работа е можно веднаш. Пријавата со докази и биографијата морате да ја испратите до 19.1.2019 година по пошта на адресата: „Ректорат на Универзитетот во Марибор, Сломшков Трг 15, 2000 Марибор“.

Повеќе информации за работните места има на овој линк овде.

Повеќе информации за оваа исклучителна можност за работа со најнови технологии, во рамки на проектот HPC RIVR ќе добиете на адресата izidor.golob@um.si.

Извор:  um.si