Истражувачите на Центарот за астрофизика и космологија при Универзитетот во Нова Горица учествуваат на проекти на организацијата Cherenkov Telescope Array Observatory

Истражувачите на Центарот за астрофизика и космологија при Универзитетот во Нова Горица и одделот за експериментална физика на основните честички при Институтот Јожеф Стефан (Кристофер Екнер, проф.др. Андреј Филипчич, Гашпер Кукец Мезек, проф.др. Само Станич, доц.др. Марко Завратник и Лукас Зехер) работат на проекти на организацијата Cherenkov Telescope Array Observatory.

Словенечката група е особено активна во развојот на лидарските направи за далечинско набљудување и следење на атмосферата над опсерваторијата, развојот на полуспроводничките светлосни детектори за телескопите на Черенков, како и при планирањето на истражувања за откривање на темната материја во универзумот.

Извор: ung.si