Истражување на кадровската агенција Adecco: Стапката на невработеност во земјата ќе опаѓа

Додека растот на вработеноста во Словенија покажува највисоки стапки во последните 20 години, работодавачите во речиси сите сектори на економијата се соочуваат со недостаток на квалификуван персонал. Ова се податоците од истражувањето спроведено од кадровската агенција Adecco.

Според експертите, во изминатите 4 години, вкупниот број на невработени лица се намалил од 112 700 на 78 500 лица. До 2020 година, се предвидува оваа бројка да стигне до 69 300 лица. Истовремено, можностите за менување на работните места се зголемуваат и работодавачите мораат да направат повеќе напори за да ги задржат своите вработени. 

Најбарани професии на словенечкиот пазар на трудот се работници за производство, камионџии, ѕидари, логистичари, чистачи, работници во туризмот, готвачи, монтери, електричари, здравствени работници и социјални работници.

Од професиите на специјалисти со завршено високо образование, исто така многу се барани програмерите, менаџерите за продажба, економистите и инженерите. 

Така на пример, според директорот на Nieros Metal од Словењ Градец (Каринтија регионот), Денис Крамљак, „базенот на персонал“ во металопрерабтувачката индустрија е празен.

Вреди да се напомене дека според Заводот за вработување, во октомври 2018 година, просечната стапка на невработеност во земјата изнесувала 7.9%. Во меѓувреме, највисоката стапка на невработеност е забележана во Прекмурскиот регион – 12,4%.

Извор: vecer.com