Избран е најдобриот професор и онлајн наставник од Факултетот DOBA за 2018/2019 академска година

Според традицијата која што постои веќе единаесет години, со гласање од страна на студентите од Факултетот DOBA избран е најдобриот професор и најдобриот онлајн наставник за минатата академска година. Со награда и почесно звање е удостоен магистер Клемен Жибрет и магистер Бојан Крајнц.

Магистер Клемен Жибрет предава на програмата „Бизнис-секретар“, негови предмети се „Современо канцелариско управување“ и „Основи на менеџментот и организација на бизнис“.

Магистер Бојан Крајнц предава на програмата „Економист“, предметот „Организација и менеџмент на претпријатија“, а исто така е и наставник по предметот „Економија на претпријатија“ на програмата „Информатика“.

Извор: doba.si