Издаваштвото од универзитетот од Марибор ја издаде монографијата, посветена на промоција на новата винска маршрута и винскиот туризам воопшто

Издаваштвото од универзитетот од Марибор ја издаде монографијата на тема „Модра Франкиња како основа за винскиот туризам во Севница“ („Po poti modre frankinje: Modra frankinja kot osnova vinskega turizma v Sevnici“) под редакција на доцент доктор Јасна Поточник Топлер и професор Андреа Лисца. Публикацијата се појави како резултат на Студентскиот иноваторски општествено полезен проект (ŠIPK) 2016-2020, во кој што учествуваа студенти од факултетот за туризам и други факултети при универзитетот во Марибор во соработка со управата за култура, спорт, туризам и млади од општината Севница. Во рамките на проектот беше започната подготовка за новата винска маршрута, која што ќе ја промовира автохтоната словенечка сорта на вино – Модра Франкиња.

Винарите, лозарите, угостителските објекти и хоспиталити индустријата, локалните гастрономски и природни знаменитости, а исто така слични дестинации во општината Севница беа обединети под едно име – „Modra vinska pot“. Тоа е специјално име кое што во словенечкиот јазик има две значења. Ако се преведе буквално значи сината боја на лушпата од грозјето. Од друга страна придавката „moder“ исто така може да се разбере како „мудар“ и „одговорен“.

Во монографијата „Модра Франкиња како основа на винскиот туризам во Севница“ се претставени општината Севница, нејзината историја и знаменитостите, а исто така и туризмот. Во изданието определена е туристичката понуда на пределот, детално е претставен винскиот туризам и неговите особености на оваа дестинација. Исто така тука е претставена новата винска маршрута, која што ги поврзува помеѓу себе локалните произведувачи на вино од сортата Модра Фракиња, како и ресторани и слични објекти од хоспиталити индустријата, кои што го користат грозјето од наведената сорта како додаток во своите јадења.

Слободен пристап до монографијата

Извор: ft.um.si