Издаваштвото при универзитетот во Нова Горица објави детски расказ Bistrine dogodivščine, подготвен од студентите

Во издаваштвото на универзитетот во Нова Горица излезе книгата (детски расказ Bistrine dogodivščine), подготвена од студентите на факултетот за науки за животната средина Никој Симчич, Клемен Левичник и Тина Махнич во рамките на проектот „Еколошко воспитување на децата со искуство во природа“. Книгата е посветена на темата екологија.

Горенаведениот проект на факултетот за науки за животната средина при универзитетот во Нова Горица беше реализиран во рамките на проектната шема „Студентски иновациски општествено полезни проекти 2016–2018“.

Бесплатни примероци од книгата има во деканатот на факултетот. Книгата веќе е преведена на англиски јазик.

Извор: facebook.com