Изложба MoMoWo: 100 дела во 100 години: Европските жени во архитектурата и обликувањето

Каде: Куќа на архитектурата во Марибор, Крекова 2, Марибор

Кога: 28.11.2018 во 18:00

Траење: 28.11.2018 – 31.1.2019

Меѓународната патувачка изложба за архитектура „MoMoWo: 100 дела во 100 години: Европските жени во архитектурата и обликувањето“ ja претставува креативноста на европските архитектки и обликувалки во минатите 100 години – од крајот на првата светска војна до денес.

Посетителите можат да ги гледаат делата според името на авторката, државата или времето кога се настанати. Поважните историски пресвртници, кои ja означуваат положбата на жените во општеството се претставени во облик на времеплов. На изложбата, посебно се истакнати културните, општествените и политичките достигнувања на Словенките.

Во рамки на изложбата има и обемен изложбен каталог. Досега, меѓународната патувачка изложба има гостувано во девет европски градови: Овеидо(Шпанија), Лисабон(Португалија), Гренобл(Франција), Ајндховен и Делфт(Холандија), Братислава(Словачка), Београд(Србија), Торино(Италија) и во Љубљана.

Извор:  fgpa.um.si