Како да постигнете успех во операциите со недвижности: отворена е регистрацијата за мотивацискиот семинар

Во понеделник, на 25-ти ноември 2019 година, од 16:30 до 18:00 часот Центарот за кариера на Европскиот факултет за право на Новиот универзитет ќе одржи мотивациски семинар, кој што ќе ги запознае слушателите со секојдневната работа на агентите за недвижности. Место на одржување на семинарот: Европски правен факултет, Љубљана, Месни трг, 23, предавална 1. Регистрацијата за учество на семинарот е отворна до петок, 22 ноември 2019 година, вклучително и 22 ноември.

Семинарот ќе го одржи извршниот директор на RE/MAX Slovenija Јања Чех Хорват – консултант во сферата на добивање на лиценца за агент за недвижности. Таа ќе објасни за добивањето на лиценца за работата на агентите за недвижности, тенденциите во сферата на недвижностите, споредба на словенечкиот и странскиот пазар за недвижности, карактеристиките на успешниот агент за недвижности, современите методи за деловна комуникација, начините за успешна продажба на недвижности и примерите за успешна практика на компаниите RE/MAX.

Проектот го кофинансираат Европската унија со сретства од Европскиот социјален фонд и Министерството за образование, наука и спорт.

За повеќе информации напишете на следната електронска адреса: karierni.center@nova-uni.si.

Регистрација за учество на семинарот

Извор: epf.nova-uni.si